Почитувани,

Како дел од одговорот против КОВИД-19 во Република Северна Македонија, СЗО поддржува воведување / адаптација на специфични модули за обука за KОВИД – 19, преку

https://obuki.zdravstvo.gov.mk 

вклучително и обуки за спречување пренесување на заразни агенси, правилна употреба на ЛЗО и спречување на контаминација во болниците на постелнина, кожа и животна средина, административни превентивни мерки, и други мерки во согласност со упатствата на СЗО, а со цел да се намали ризикот на здравствените работници од изложеност на КОВИД-19 и да се изградат капацитети за управување со позитивни случаи во случај на овој, и/или следните бранови на болеста.

Дополнително СЗО обезбеди покровителство за акредитација на наведените обуки при Лекарската комора на Македонија, а со цел лекарите да добијат и соодветен број на бодови за секој тренинг / курс / обука која ќе ја посетат:

Моментално достапни се 5 курсеви и тоа:

Курс 1: Спречување и Контрола на Инфекцијата (СКИ) за новиот корона вирус (КОВИД-19) на Македонски јазик

Акредитирано од ЛКМ со 3 бода

 

Курс 2: Појава на вируси на дишните патишта, вклучувајќи го и КOВИД-19: методи за откривање, спречување, реакција и контрола на Македонски јазик

Акредитирано од ЛКМ со 3 бода

 

Курс 3: Тренинг за Болничка нега на Сериозни Акутни Респираторни Инфекции на Македонски јазик

Акредитирано од ЛКМ со 4 бода

 

Курс 4: ePROTECT Респираторни Инфекции на Македонски јазик

Акредитирано од ЛКМ со 2 бода

Kursi 4: ePROTECT Infeksione respiratore në gjuhën Shqipe

Akredituar nga LKM me 2 pikë

 

Курс 5: КОВИД-19: Како се става и отстранува опремата за лична заштита (ОЛЗ) на Македонски јазик

Акредитирано од ЛКМ со 2 бода

Kursi 5: COVID-19: Si të vendosen dhe hiqen pajiset mbrojtëse personale (PMP) në gjuhën Shqipe

Akredituar nga LKM me 2 pikë

 

За регистрација за добивање на сертификат за бодови потребно е да се регистрирате на obuki.zdravstvo.gov.mk

согласно упатството на следниот линк:

https://cutt.ly/hyX969f

Со почит.