Фикрет Шабани е докторанд на студиската програма по Информациски системи и менаџмент на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што и магистрирал во областа на развој на софтвер и апликации. Неговото магистерско истражување е насочено кон креирање на дигитални решенија за транспарентност и отчетност во контролата на квалитетот на водата за пиење во Северна Македонија.
Целата негова професионална кариера е поврзана со Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што од 2005 година има извршувано повеќе одговорни функции. Од 2018 година е Директор на Одделот за технички капацитети и одржување, со фокус на управување со енергетски и инфраструктурни системи, дигитализација на процеси и развој на интерни технолошки решенија. Претходно, како Раководител на Канцеларијата за академско планирање (2010–2018), координирал академски распореди, управувал со бази на податоци и развивал системи за анализа и известување. Од 2008 до 2016 година бил член на Сенатот на Универзитетот и дел од повеќе комисии за набавки и капитални инвестиции.
Во периодот 2021–2024 е избран за член на Советот на Општина Боговиње, каде што активно учествува во локални развојни процеси. Во рамки на проектите од јавен интерес, учествува и во физибилити студии за дигитализација на мерење на вода, како и во проектот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) за стратешко планирање, истражување и подготовка на пакет-проекти за регионален развој.
Посебен фокус во неговата работа претставува и развојот на ИТ алатки за унапредување на здравствените услуги, со примена на современи технолошки решенија за практичари и институции од јавното здравство.
Од 2011 до 2015 година бил ко-основач и сопственик на приватна компанија активна во доменот на ИТ консалтинг, развој на софтвер и едукација.
Поседува експертиза во областа на софтверско инженерство, со искуство во користење на различни програмски јазици, бази на податоци, веб и мобилни технологии, како и системи за дигитална трансформација и автоматизација. Говори течно албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик.