Национален систем за електронски евиденции во здравството
За Мој Термин
Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин е револуционерен чекор во дигитализацијата на здравствената заштита повеќе од 10 години. Овој систем овозможува ефикасно управување со здравствените податоци, намалување на административните процедури и подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Со интегрирање на електронски здравствен картон, рецепти и упати, Мој Термин ги поврзува сите нивоа на здравствената заштита, овозможувајќи брза и прецизна комуникација меѓу здравствените професионалци и пациентите.
Нашата мисија е да обезбедиме унифицирани и веродостојни податоци, кои ќе придонесат за подобрување на здравствените услуги и намалување на метежот во здравствените установи. Мој Термин е дизајниран да го олесни процесот на евидентирање и запишување на податоци за пациентите, создавајќи електронски здравствен картон кој е достапен за сите доктори само за време на преглед кај доктор и пристап има пациентот единствено до сопствениот ЕЗК преку апликацијата или порталот МоеЗдравје.
Главни Карактеристики
Националнио систем за електронски евиденции во здравството, Мој Термин , нуди иновативни решенија за подобрување на здравствените услуги.
Електронски Здравствен Картон
Овозможен е автентициран пристап до медицинската историја на пациентите само за време на преглед, што ја подобрува точноста и брзината на дијагнозите.
Електронско Закажување на Прегледи
Сите закажувања се закажуваат електронски на секое ниво на здравствена заштита, со ова се следи времето на чекање и метежот во амбулантите.
Дигитални Регистри
Здравствените регистри се официјални институционални списоци со податоци за теми поврзани со здравјето на популацијата на одредена земја.
Електронски Рецепти и Упати
Овозможуваат ефикасна комуникација меѓу докторите и аптеките, намалувајќи го ризикот од грешки и дуплирање на рецепти.
Интегрирана Комуникација
Обезбедува брза и безбедна размена на информации помеѓу примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита.
Предности на МојТермин
Дигиталниот систем нуди бројни предности за пациентите и здравствените работници. За пациентите, системот овозможува полесен пристап до здравствени услуги, намалување на времето на чекање и подобра координација на прегледите. Пациентите за прегледи се закажуваат електронски од страна на докторот и добиваат електронски рецепти, што значително го олеснува процесот на добивање здравствена грижа, а и евиденција.
За здравствените работници, системот обезбедува подобра организација и управување со пациентите, што резултира со поквалитетна услуга. Системот овозможува размена на информации помеѓу различните здравствени установи, што го намалува ризикот од погрешни стручни одлуки и ја подобрува комуникацијата помеѓу здравствените професионалци. Постојано работиме на подобрување на овој процес за полесно работење на сите вклучени.
Со воведувањето на е-здравствениот систем, здравствените установи можат да ги намалат административните трошоци и да се фокусираат на обезбедување квалитетна здравствена услуга. Системот овозможува автоматизирано следење на пациентите и нивните здравствени досиеја, што го подобрува управувањето со здравствените податоци и ја зголемува ефикасноста на здравствените услуги.
Исто така, е-здравствениот систем придонесува за подобра заштита на личните податоци на пациентите, обезбедувајќи безбедно управување со информациите. Ова ја зголемува довербата на пациентите во здравствениот систем.