ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ
Работен состанок за унапредување на Регистарот на пациенти со дијабетес
На 06/12/2024, на Клиниката за ендокринологија, се одржа работен состанок на кој присуствуваа директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, директорот на УК Ендокринологија, д-р Танер Хасан и претставници од Управата за електронско здравство....
Стандардизација во следењето на лекови
Управата за електронско здравство (УЕЗ) активно учествуваше на работната средба со претставници од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Агенцијата за акредитација на квалитет на здравствени установи. На...
Работен состанок на Државниот санитарен и здравствен инспекторат: Електронски системи за подобрување на здравствениот инспекторат и имунизацијата
На 29.10.2024 година, се одржа работен состанок на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на кој присуствуваа бројни претставници од здравствените институции. На истиот состанок, своето излагање го имаше В.Д. Директорот на Управата за електронско здравство,...

_____________________________________________________________
Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин e воведен во 2011 година со цел да се овозможи следење на листите на закажани прегледи и интервенции во одреден број на установи.
Во 2012 година, системот започнува со надградба и ги опфаќа сите сегменти на здравствената заштита во мрежата на здравствени установи, преку имплементација на модулите за Е-упат и Е-рецепт со што прераснува во целосно интегриран информатички систем кој ги обединува податоците од установите на сите нивоа на здравствена заштита. Во следните години системот континуирано се надградува и унапредува.
Системот Мој термин се користи од страна на приближно 18.000 професионални корисници. Од нив 10.000 се лекари и тоа: 4.800 лекари од примарно, 3.700 од секундарно и 900 лекари од терциерно ниво на здравствена заштита. Бројот на установи кои се корисници на системот е 3.900.
МОЕ ЗДРАВЈЕ
Апликацијата Мое здравје овозможува брз пристап до вашата електронска здравствена евиденција, вклучувајќи прегледи, упати, рецепти и вакцинации. Со интуитивен интерфејс, достапна е на македонски, албански и англиски јазик и ви овозможува увид во здравствените податоци во секое време. Најавата се врши преку Националниот портал за е-Услуги со eID, без потреба од дополнителен профил.
Редовна имунизација
Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во јавното здравје.
Имунизација
Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во јавното здравје.
Имунизацијата секоја година спречува милиони смртни случаи од болести како што се дифтерија, тетанус, пертусис, грип и мали сипаници.
Вакцинацијата претставува единствената превентивна мерка која е достапна за болести за кои не постои познат лек.
Често Поставувани Прашања (ЧПП)
Како можам да го откажам закажаниот упат?
Како може да проверам кога лекарот има слободен термин?
Слободните термини на лекарите може да се проверат на јавниот портал mojtermin.mk, каде пациентите имаат пристап до ажурирана листа со расположливи термини.
Кој е одговорен за откажување на закажан преглед?
Секој пациент има можност и обврска да го откаже закажаниот преглед доколку не може да присуствува.
Како се испраќаат СМС известувањата за закажаниот преглед?
СМС известувањата за закажаниот преглед се испраќаат автоматски на телефонскиот број кој е запишан на упатот.
Како може да ги проверам податоците за издаден упат?
Податоците за издаден упат може да се проверат на јавниот портал mojtermin.mk, во делот „Пронајди упат“.
Кој може да закаже преглед?
Преглед може да закаже единствено доктор, преку издавање на упат, согласно важечките прописи.
Податоци
Управата за електронско здравство ви претставува основни податоци, листи и извештаи, како во реално време, но и преработени извештаи.
Контакт
Телефон
(02) 15-444
Електронска пошта
Локација
50та Дивизија 14а
1000, Скопје











