ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ
Електронска евиденција на превентивна здравствена заштита
Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин започнавме со изработка на неколку модули преку кои ќе се следи состојбата, односно спроведувањето на превентивната здравствена заштита во државата. Тоа се следните модули: Имунизација...
Директорот на Управата за електронско здравство на дводневна работилница на тема: „Развој на интегриран здравствен информатички систем“
Управата за електронско здравство користејќи го инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија (TAIEX) во текот на денешниот и утрешниот ден (11 и 12 јуни) организира работилница на тема „Развој на интегриран здравствен информатички...
ДОБРЕДОЈДЕ БЕБЕ
Заменик министерот за здравство, д-р Гоце Чакаровски, заедно со директорот на Управата за водење матични книги на РМ, Ѓоко Котевски и со претставници од МојТермин денеска ја посетија Општа болница Куманово по повод дисперзија на проектот „Добредојде бебе“ во...

_____________________________________________________________
Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин e воведен во 2011 година со цел да се овозможи следење на листите на закажани прегледи и интервенции во одреден број на установи.
Во 2012 година, системот започнува со надградба и ги опфаќа сите сегменти на здравствената заштита во мрежата на здравствени установи, преку имплементација на модулите за Е-упат и Е-рецепт со што прераснува во целосно интегриран информатички систем кој ги обединува податоците од установите на сите нивоа на здравствена заштита. Во следните години системот континуирано се надградува и унапредува.
Системот Мој термин се користи од страна на приближно 18.000 професионални корисници. Од нив 10.000 се лекари и тоа: 4.800 лекари од примарно, 3.700 од секундарно и 900 лекари од терциерно ниво на здравствена заштита. Бројот на установи кои се корисници на системот е 3.900.
МОЕ ЗДРАВЈЕ
Апликацијата Мое здравје овозможува брз пристап до вашата електронска здравствена евиденција, вклучувајќи прегледи, упати, рецепти и вакцинации. Со интуитивен интерфејс, достапна е на македонски, албански и англиски јазик и ви овозможува увид во здравствените податоци во секое време. Најавата се врши преку Националниот портал за е-Услуги со eID, без потреба од дополнителен профил.
Редовна имунизација
Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во јавното здравје.
Имунизација
Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во јавното здравје.
Имунизацијата секоја година спречува милиони смртни случаи од болести како што се дифтерија, тетанус, пертусис, грип и мали сипаници.
Вакцинацијата претставува единствената превентивна мерка која е достапна за болести за кои не постои познат лек.
Често Поставувани Прашања (ЧПП)
Како можам да го откажам закажаниот упат?
Како може да проверам кога лекарот има слободен термин?
Слободните термини на лекарите може да се проверат на јавниот портал mojtermin.mk, каде пациентите имаат пристап до ажурирана листа со расположливи термини.
Кој е одговорен за откажување на закажан преглед?
Секој пациент има можност и обврска да го откаже закажаниот преглед доколку не може да присуствува.
Како се испраќаат СМС известувањата за закажаниот преглед?
СМС известувањата за закажаниот преглед се испраќаат автоматски на телефонскиот број кој е запишан на упатот.
Како може да ги проверам податоците за издаден упат?
Податоците за издаден упат може да се проверат на јавниот портал mojtermin.mk, во делот „Пронајди упат“.
Кој може да закаже преглед?
Преглед може да закаже единствено доктор, преку издавање на упат, согласно важечките прописи.
Податоци
Управата за електронско здравство ви претставува основни податоци, листи и извештаи, како во реално време, но и преработени извештаи.
Контакт
Телефон
(02) 15-444
Електронска пошта
Локација
50та Дивизија 14а
1000, Скопје










