Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кои Управата за електронско здравство ги собира преку веб страницата e-health.gov.mk.

Заштитата на лични податоци е наш приоритет од високо значење. Личните податоци се обработуваат во согласност со начелата од Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20).

Ваша обврска е да се запознаете со оваа политика за приватност и со политиката за колачиња на веб страницата.

На оваа веб страница ги документираме сите информации околу обработка на вашите лични податоци од наша страна при посета на нашата веб страница или праќање порака до нас при користење на нашите контакт форми.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Управата за електронско здравство (во натамошниот текст: УЕЗ), со седиште на ул.“50та Дивизија” бр.14а, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Офицер за заштита на лични податоци:

Онур Клинче
[email protected]

 

Начин на обработка на личните податоци

УЕЗ собира и обработува лични податоци на следните категории на лица и на следните начини:

 

1. Лица кои поставуваат прашања, забелешки и предлози до УЕЗ преку контакт формата на e-health.gov.mk.

Категории на лични податоци: Во соодветно назначено поле од контакт формата, задолжително ги внесувате вашето: име, презиме, е-маил, телефон, наслов на пораката и содржината на пораката. Може да собереме и други лични податоци кои не се задолжителни, а Вие доброволно ќе ги оставите во пораката.

Како: При пополнувањето на контакт форма за поставување на прашања или упатување забелешки и предлози за работите од надлежност на УЕЗ.

Зошто: Обработката на вашите податоци е неопходна со цел да ви одговориме на вашите барања, забелешки и предлози. Активностите на обработка на личните податоци кои се собираат преку пополнување на контакт форма достапна на веб страницата на УЕЗ, се извршуваат од страна на вработените задолжени за извршување на предметните активности.

Со кого ги споделуваме овие лични податоци: УЕЗ овие лични податоци не ги споделува со никого.

 

Пренос на лични податоци

УЕЗ не ги пренесува вашите лични податоци на трети страни или во трети земји освен во случај на:

  • Ангажирање на даватели на услуги ангажирани како обработувачи на лични податоци при што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на УЕЗ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги
  • Барање на суд, полиција, органи на надзор или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и тоа само ако постои законски основ за тоа.

 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

 

Информациска безбедност

УЕЗ презема соодветни безбедносни мерки за заштита од неовластен пристап или неовластена промена, откривање или уништување на податоците од корисниците. Тие мерки вклучуваат внатрешни прегледи на имплементација на политиките за информациска безбедност, вклучително и физички безбедносни мерки како заштита од неовластен пристап до системите кои што го овозможуваат техничкото функционирање на веб страницата.

Доколку, и покрај напорите вложени од страна на УЕЗ за обезбедување на податоците, неовластено лице пристапи до личните податоци на корисниците, УЕЗ ќе го извести субјектот на личните податоци и ќе ги преземе сите мерки согласно закон.

Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, УЕЗ веднаш и не подоцна од 72 часа откако ќе дознае за истото ќе ја извести Агенцијата за нарушувањето на безбедноста на личните податоци, како и субјектот на личните податоци кога за тоа се исполнети условите предвидени со Законот.

 

Кои се вашите права и обврски како субјект на личните податоци?

Законот за заштита на личните податоци ви дава одредени права како субјект Вашите права во однос на обработката на вашите лични податоци. Тие права и обврските на УЕЗ како контролор на личните податоци се:

Право на пристап до вашите лични податоци. По поднесување на ова барање, УЕЗ ќе ви достави информација за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, целите на обработка и правната основа, корисниците или категориите на корисници (доколку ги има), пренос на личните податоци во трети земји (доколку се пренесуваат), периодот за чување и вашите права како субјект на личните податоци.

Право на исправка на личните податоци. УЕЗ ќе направи исправка на вашите неточни податоци согласно вашето барање.

Право на бришење на личните податоци. УЕЗ ќе ги избрише личните податоци за кои ќе побарате бришење.

Право на ограничување на обработката на личните податоци. УЕЗ ќе ја ограничи обработката на вашите лични податоци согласно вашето барање.

Право на преносливост на личните податоци. УЕЗ ќе ви ги даде вашите лични податоци на начин на кој што ќе можете да ги пренесете на друг контролор на лични податоци.

Право на приговор на обработката на личните податоци. УЕЗ ќе постапи по приговорот против обработката на вашите лични податоци во врска со конкретна ситуација.

Давањето вистински, целосни и точни податоци е договорна обврска на субјектот на лични податоци.

За остварување на вашите права, како и за други информации во врска со заштитата на личните податоци, можете да ги контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци:

 

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци 

Ако сметате дека начинот на кој МИОА ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштитата на личните податоци.

 

Измена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

Последен пат ажурирано на 18 ноември 2025