Регистри
Здравствените регистри се официјални листи кои содржат податоци поврзани со здравјето на населението во одредена земја. Во нашата земја, за прибирање, обработка и анализа на овие податоци одговорна установа е Институтот за јавно здравје.
Медицинските и здравствените податоци се ажурираат во Националниот систем за електронски евиденции –
МојТермин.
Регистрите што содржат медицински податоци се однесуваат на здравјето на поединецот и ги вклучуваат податоците што се однесуваат на анамнеза, дијагноза, прогноза и третман. Регистрите со здравствените податоци се однесуваат на здравјето на населението и ги вклучуваат и медицинските податоци.
Сите податоци во регистрите се обработуваат според законските прописи за заштита на личните информации.