Управа за електронско здравство
СКРИНИНГ
Во Програмата за рана детекција на малигни заболувања, министерството за здравство активно ја спроведува Програмата за рана детекција на малигни заболувања, со посебен фокус на превенцијата и раното откривање на рак на грлото на матката и рак на дојка. Не одложувајте, пријавете се!
Превенцијата е најдобар лек.
Женското репродуктивно здравје е важно за физичката и емоционалната благосостојба на жените во текот на целиот живот. Репродуктивното здравје е особено важно и за здраво потомство.
Во текот на различните животни циклуси жените се соочуваат со различен тип на здравствени предизвици меѓу кои ракот на дојка и ракот на грлото на матката. Редовните здравствени проверки во кои спаѓаат гинеколошки прегледи, ПАП-тестови и скрининг на дојка може да помогнат во навременото откривање на овие болести. Раната детекција на ракот на грлото на матката и ракот на дојка се исклучително важни за навремено отпочнување со терапија и успешно лекување.
Скрининг на грло на матка
Скрининг програмата за рано откривање на рак на грло на матка е насочена кон подигнување на свесноста за репродуктивното здравје.
Скрининг мамографија
Скринингот претставува преглед на жени без присутни симптоми на болеста, со цел да се открие ракот на дојката во неговиот претклинички стадиум.

