ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

Брошури со информации за пациенти за Ковид-19 вакцинација

Брошури со информации за пациенти за Ковид-19 вакцинација

Овие брошури се подготвени во рамките на Заедничкото делување на ЕУ и СЗО во однос на зајакнување на флексибилноста на здравствените системи во земјите од Западен Балкан при имплементацијатаво Република Северна Македонија. Овие брошури се изготвени со финансиска помош...

read more
Спроведување на акредитирани обуки за вработени во здравствен сектор

Спроведување на акредитирани обуки за вработени во здравствен сектор

Почитувани, Како дел од одговорот против КОВИД-19 во Република Северна Македонија, СЗО поддржува воведување / адаптација на специфични модули за обука за KОВИД - 19, преку https://obuki.zdravstvo.gov.mk  вклучително и обуки за спречување пренесување на заразни агенси,...

read more

_____________________________________________________________

Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин e воведен во 2011 година со цел да се овозможи следење на листите на закажани прегледи и интервенции во одреден број на установи.

Во 2012 година, системот започнува со надградба и ги опфаќа сите сегменти на здравствената заштита во мрежата на здравствени установи, преку имплементација на модулите за Е-упат и Е-рецепт со што прераснува во целосно интегриран информатички систем кој ги обединува податоците од установите на сите нивоа на здравствена заштита. Во следните години системот континуирано се надградува и унапредува.

Системот Мој термин се користи од страна на приближно 18.000 професионални корисници. Од нив 10.000 се лекари и тоа: 4.800 лекари од примарно, 3.700 од секундарно и 900 лекари од терциерно ниво на здравствена заштита. Бројот на установи кои се корисници на системот е 3.900.

Провери слободни терминиПовеќе за Мој Термин

МОЕ ЗДРАВЈЕ

 

Апликацијата Мое здравје овозможува брз пристап до вашата електронска здравствена евиденција, вклучувајќи прегледи, упати, рецепти и вакцинации. Со интуитивен интерфејс, достапна е на македонски, албански и англиски јазик и ви овозможува увид во здравствените податоци во секое време. Најавата се врши преку Националниот портал за е-Услуги со eID, без потреба од дополнителен профил.

Редовна имунизација

Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во јавното здравје.

Имунизација

N

Имунизацијата е еден од најголемите успеси во историјата на медицината и една од најзначајните здравствени инвестиции во јавното здравје.

N

Имунизацијата секоја година спречува милиони смртни случаи од болести како што се дифтерија, тетанус, пертусис, грип и мали сипаници.

N

Вакцинацијата претставува единствената превентивна мерка која е достапна за болести за кои не постои познат лек.

Често Поставувани Прашања (ЧПП)

Како можам да го откажам закажаниот упат?
Прегледот може да го откажете на неколку начини:
• Преку СМС порака: Испратете СМС порака на телефонскиот број 144 194. Во содржината на пораката наведете го само бројот на електронскиот упат.
• Преку Вашиот профил: Откажувањето може да се изврши преку Вашиот личен профил на мобилната апликација или порталот Мое здравје.
• Преку лекарот: Можете да го контактирате лекарот кој го издал упатот за да го откаже прегледот.
Важно е откажувањето да се направи веднаш штом дознаете дека не можете да присуствувате, со цел терминот да биде искористен од друг пациент.
Како може да проверам кога лекарот има слободен термин?

Слободните термини на лекарите може да се проверат на јавниот портал mojtermin.mk, каде пациентите имаат пристап до ажурирана листа со расположливи термини.

Кој е одговорен за откажување на закажан преглед?

Секој пациент има можност и обврска да го откаже закажаниот преглед доколку не може да присуствува.

Како се испраќаат СМС известувањата за закажаниот преглед?

СМС известувањата за закажаниот преглед се испраќаат автоматски на телефонскиот број кој е запишан на упатот.

Како може да ги проверам податоците за издаден упат?

Податоците за издаден упат може да се проверат на јавниот портал mojtermin.mk, во делот „Пронајди упат“.

Кој може да закаже преглед?

Преглед може да закаже единствено доктор, преку издавање на упат, согласно важечките прописи.

Податоци

Управата за електронско здравство ви претставува основни податоци, листи и извештаи, како во реално време, но и преработени извештаи. 

Контакт

Телефон

(02) 15-444

Електронска пошта

Локација

50та Дивизија 14а
1000, Скопје