Управата за електронско здравство (УЕЗ) активно учествуваше на работната средба со претставници од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Агенцијата за акредитација на квалитет на здравствени установи. На средбата се дискутираше за важната тема поврзана со обезбедување податоци за продажбата на лекови на големо.
Главната цел на оваа иницијатива е креирање на единствен идентификациски код за лековите, кој ќе им овозможи на сите вклучени институции пристап до точни и веродостојни податоци за вкупните количини на употребени лекови во земјата. Со ваквата унификација и стандардизација, ќе се олесни мониторингот на дистрибуцијата и потрошувачката на лековите, како и нивната достапност во здравствените установи, особено во болниците.
Овој чекор претставува значаен напредок во подобрувањето на транспарентноста и ефикасноста во управувањето со фармацевтските производи во државата. Преку воспоставувањето на ваков систем, ќе се создадат услови за поефикасно планирање, набавка и управување со лековите, што директно ќе придонесе за унапредување на квалитетот на здравствената заш