Почитувани,
Ве информираме дека од денес 04.11.2018 година започнува процесот на електронско закажување на лица за бесплатна вакцинација против сезонски грип од страна на Матичните лекари до соодветните Центри за јавно здравје, односно нивните Подрачни единици кои се вклучени во процесот на бесплатна вакцинација против сезонски грип.

Од 05.11.2018 година овие лица треба да бидат закажани исклучиво во термин со избор на соодветното одделение:
тип на упат: Специјалистичко-супспецијалистички упат
здравствена установа: „Центар за јавно здравје“
специјалност: „Епидемиологија“
упатна дијагноза: „Z25.1 – Потреба за имунизација против инфлуенца“
ресурс: Служба за имунизација за сезонски грип – ЦЈЗ град, односно Служба за имунизација за сезонски грип – ЦЈЗ град, ПЕ град
Напомена: Издавањето на упат за бесплатна вакцинација против сезонски грип исклучиво се однесува само за лица постари од 65 годишна возраст, без месечни примања или со месечни примања под просечната исплатена пензија. Задолжително заедно со упатот е приложување потврда-чек од последно исплатена пензија, а за пензинерите без пензија потврда од ПИОМ.
Закажувањето преку матичен лекар е со цел утврдување на општата здравствена состојба на лицата заинтересирани за вакцинација против сезонски грип.
Со почит,