Според податоците од системот Мој Термин за месец јануари, вкупниот број на закажани прегледи со термин се 214285. Вкупен број на откажани прегледи се 26217. Во истиот месец, 34406 закажани упатувања се термини каде пациентите не се појавиле, односно не е евидентиран никаков прием во Мој Термин, но сепак не се ниту откажани.
Најголем број на откажани прегледи се евидентирани во Здравствен Дом Скопје, откажани се 2874 закажани упатувања од 32 специјалности или апарати, а на 3833 закажани прегледи, пациентите не дошле. Во ГОБ 8-ми Септември, откажани се 1547 закажани упатувања од 48 различни специјалности или апарати во установата, а 2650 закажани прегледи останале нереализирани. ЈЗУ Клиничка болница – Битола „Д-Р Трифун Пановски“ има 1214 откажувања од 40 различни специјалности или апарати, а за 960 закажани прегледи, пациентите не дошле. Следуваат ЈЗУ Клиничка болница – Штип со 1094 откажувања од 42 различни специјалности или апарати, а за 771 закажани прегледи, пациентите не дошле. Потоа следи и ЈЗУ Клиничка болница – Тетово со 1094 откажувања од 42 различни специјалности или апарати, а за 1447 закажани прегледи, пациентите не дошле.
Овие откажувања може да се должат на различни фактори, како што се неможност на пациентите да се појават на закажаниот термин, промена на нивната здравствена состојба или организациски причини во здравствените установи. Бројот во овие здравствени установи е најголем затоа што во нив има многу специјалности, дијагностички процедури или апарати.
  1. Согласно нашите надлежности, преземаме низа мерки со цел да го намалиме бројот на неоткажани закажани прегледи (како што е споменато во претходниот одговор, во јануари овој број е голем, односно 34406 закажани упатувања што останале нереализирани) и да овозможиме поефикасно користење на здравствените услуги.
Како дел од овие мерки:
Осигурениците добиваат СМС известување неколку дена пред закажаниот преглед.
Функционалноста за потсетување е достапна и преку мобилната апликација „Мое Здравје“, каде пациентите добиваат потсетник за прегледот и можност за откажување.
Информацијата за потребата од навремено откажување е постојано нагласена (пр. https://e-health.gov.mk/cpp/
), истата се наоѓа и на секој испечатен упат.
Дополнително, во тек е подговтовка на процес на ажурирање на контакт телефоните на пациентите преку матичните лекари, со што ќе се овозможи поголема ефикасност на известувањата и комуникацијата.
Веруваме дека овие мерки ќе придонесат за подобра организација на термини и ќе овозможат побрз пристап до здравствените услуги за сите граѓани.