Изјава за приватност при вршење на видео надзор
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на податоци што Управа за електронско здравство – Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
- Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
-
- Да се контролира пристапот до објектот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените кај Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
- за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
- да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
- Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Камерите за видеонадзор се инсталирани на делови од објектот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места .
Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
2. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Фикрет Шабани е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот
3. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видеонадзор за:
-
- заштита на животот или здравјето на луѓето;
- заштита на сопственоста
- заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата;
- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за личните податоци.
Покрај тоа на влезот на објектот, има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
4. Кој може да ги види моите лични податоци
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: ангажираната Агенција за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица).
До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на контролорот и одговорното лице за видео надзор.
5. Како да ги контролирате вашите податоци
Може да испратите барање на контролорот (на пример на е-пошта на [email protected] или на адреса ул.50-та Дивизија бр.14а, Скопје
6. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање барање до контролорот, или преку е-пошта до: [email protected]
7. Можам ли да ги менувам моите податоци
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
8. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на _контролорот на е-пошта [email protected]_ кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротиставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
9. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на [email protected], кога обработката е незаконска.
10. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
11. Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на [email protected], кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
12. Што можам да направам во случај на проблем?
-
- Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до [email protected], и да побарате да преземе акција
- Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на [email protected]
- Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки
13. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
14. Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен за заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
15. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 (триесет) календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.
Правилник за начинот на вршење на видео надзор во Управата за електронско здравство