Почитувани,

Ве информираме дека од 22.11.2019 година започнува процесот на електронско закажување на лица за бесплатна вакцинација против сезонски грип од страна на Матичните лекари до соодветните Центри за јавно здравје, односно нивните Подрачни единици и Здравствен дом – Скопје (Поликлиника Букурешт, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ѓорче Петров) кои се вклучени во процесот на бесплатна вакцинација против сезонски грип.

Од 18.11.2019 година овие лица треба да бидат закажани исклучиво во термин со избор на соодветното одделение:
тип на упат: Специјалистичко-супспецијалистички упат
здравствена установа: „Центар за јавно здравје“
специјалност: „Епидемиологија“
упатна дијагноза: „Z25.1 – Потреба за имунизација против инфлуенца“
придружна дијагноза за хронично болни
ресурс: Служба за имунизација за сезонски грип – ЦЈЗ град, односно Служба за имунизација за сезонски грип – ЦЈЗ град, ПЕ град
За град Скопје ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника
ресурс: ЈЗУ Здравствен дом – Скопје – Поликлиника – Служба за имунизација за сезонски грип – Поликлиника – Служба за имунизација за сезонски грип – Поликлиника

Напомена: Издавањето на упат за бесплатна вакцинација против сезонски грип исклучиво се однесува само за лица постари од 65 годишна возраст, хронично болни, бремени жени,здравствени работници и деца од 0-6 години.

Закажувањето преку матичен лекар е со цел утврдување на општата здравствена состојба на лицата заинтересирани за вакцинација против сезонски грип.

Со почит,