Управата за електронско здравство користејќи го инструментот на Европската комисија (TAIEX), во периодот од 05.11-09.11.2018 година спроведе експертска мисија на тема „Развој на национална стратегија за електронско здравство“.

Експерти номинирани од Европската комисија заедно со претставници од УЕЗ одржаа работни средби и посетија установи и институции во областа на здравството, со цел да се добијат информации кои ќе се користат во изготвување на новата Национална стратегија за е-здравство. Стратегијата ќе вклучува проценка на моменталниот статус во е-здравството во однос на компонентите за е-здравство кои веќе постојат, како и постоечките програми или проекти кои би можеле да ги зајакнат можностите за е-здравство.

Планот за развој на национална стратегија за еЗдравство е насочена кон користење на WHO-ITU national eHealth strategy toolkit. Тој беше презентиран од експертите на Европска комисија, и наша цел е да го користиме за да ги обединиме целите поставени во стратегиите на здравството од различни институции, со цел да ги поврземе во еден сеопфатен интегриран модел, во делот на размена на податоци.

Инаку, експертите предложени од Европска комисија кои  ги водат сесиите се од Р. Хрватска, Озрен Пезо, Фонд за здравствено осигурување, помошник директор за ИКТ и Синиша Варга, потпретседател на Комисија за здравство и социјална политика, поранешен министер за здравство (2014-2016) и директор на Фонд за здравствено осигурување (2012-2014).